Достапни линкови

Најмалку шестмина загинати во бомбашки напад во Авганистан


Архива: Авганистански полицаец по самоубиствен бомбашки напад во Херат.

Во извештаите од Авганистан се вели дека најмалку шест цивили се убиени во бомбашки напад во близина на џамија и пазар во провинцијата Херат. Џилани Фархад – портпарол на гувернерот на провинцијата Херат, изјави дека меѓу загинатите се четири деца, две женски и две машки.

Фархад додаде дека девет други деца се повредени во напад во градот Шинданд, на северниот крај на долината Зеркох. Тој истакна дека експлозивите биле ставени на моторцикл без возач и биле детонирани со далечински управувач.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Градот Шинданд се наоѓа 11 километри јужно од воздушната база Шинданд, која е стратешки објект кој го употребуваат авганистанските воздухопловни сили и трупите од мисијата на НАТО во Авганистан. Градот е на 110 километри од границата со Иран.

XS
SM
MD
LG