Достапни линкови

Вучиќ: Наше е да водиме политика на мир


Архива: Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Србија се занимава со политика на мирот, и нема да се занимава со пушки, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во одговор на заканите од косовскиот претседател Хашим Тачи.

„Не сакам да се занимавам со пушки и оружје како Тачи, нека тој го прави тоа. Но, неговите пушки не ја разорија Србија туку некои авиони. А, наше е да водиме политика на мир“, изјави Вучиќ во Мостар.

Тој додаде дека треба внимателно да се чита изјавата на Тачи кога вели дека пред 19 години засекогаш е симната границата на две држави на албански народ, јави Танјуг.

„Треба некои во меѓународнатаз аедница да се прашаат што мислат за тоа и дали поради тоа беше нападната Србија во 1999 година“, нагласи Вучиќ.

Тачи претходно во говор на манифестацијата на караулата Кошаре, која се одржува по повод 19 години од конфликтот меѓу тогашната југословенска војска и ОВК на тој дел од границата, изјави дека на „заканите од Србија“ ќе биде одговорено со „пушки“.

XS
SM
MD
LG