Достапни линкови

Израел обвинет за ракетниот напад врз сириската воена база


Архива: Чад од извршени напади врз сирискиот град Дума.

Сирија и нејзиниот сојузник Русија го обвинија Израел за извршување на ракетен напад во текот на ноќта врз сириска воена воздушна база, откако тензиите растат во насока на меѓународните реакции поради сомневањата за хемиски напад во кои десетици луѓе загинаа во градот Дума.

Сириските државни медиуми соопштија дека неколку лица биле убиени или повредени во нападот врз базата Тајфур во близина на градот Хомс во раните утриснки часови на 9 април.

Израел, кој и претходно гаѓаше цели во Сирија, засега не коментираше во врска со обвинувањата.

Група за нбљудување соопшти дека најмалку 14 про-владини борци биле убиени во нападот, вклучително и сили на Иран.

XS
SM
MD
LG