Достапни линкови

Азербејџанското опозициско движење се прогласи за партија


Илустрација: Избори во Азербејџан 2018 година.

Азербејџанското опозициско движење Републиканска алтернатива (РЕАЛ), чии лидер е во затвор, соопшти дека сега е политичка партија, но оти нема да бара формална регистрација од државата.

Членот на Советот на РЕАЛ, Натик Џафарли, за РСЕ денеска изјави дека одлуката за претворање на движењето во политичка партија било направерно на онлајн состанок одржан за време на викендот.

Најавата доаѓа во пресрет на предвремените претседателски избори на 11 април, на кои се чини дека сигурно ќе овои нов мандат авторитарниот претседател Илхам Алијев, кој функцијата ја наследи од својот татко во 2003 година.

Џафарли рече дека главна цел на РЕАЛ е го направи Азербејџан од претседателска во парламентарна република и „да ги врати републиканските вредности во земјата.“

Тој додаде дека РЕАЛ не планира да аплицира во Министерството за правда за регистрација како партија, бидејќи е јасно оти тоа ќе биде одбиено. Досега немаше коментар од министерството.

Лидерот на РЕАЛ Илкар Мамадов беше одбран за претседател на новата партија, рече Џафарли. Мамадов беше осуден на седум години затвор во 2014 година, за обвиненија за организирање и учество во масовни протести во северниот град Исмаили, барајќи оставка од провинцискиот лидер.

Западните влади и организациите за човекови права бараат Баку да го ослободи Мамадов, нарекувајќи го неговото затворање политички мотивирано.

XS
SM
MD
LG