Достапни линкови

Турција депортирала стотици Авганистанци


сириски и авганистански мигранти во Турција во јануари, 2016 година

Турските власти соопштија дека депортирале стотици Авганистанци откако наводно илјадници од нив нелегално влегле во земјата во последните недели. Вчера 227 Авганистанци биле депортирани од аеродромот Ерзурум до Кабул. Околу 400 Авганистанци дополнително треба да бидат депортирани во наредните денови.

Според локалните власти, во план е депортација на сите Авганистанци кои се околу 3000 на број во Ерзурум. Авганистанското министерство за бегалци соопшти дека тие по своја волја се враќаат во нивната земја.

XS
SM
MD
LG