Достапни линкови

Германската полиција бара мотив за нападот со комбе


Германските власти ја истражуваат причината зошто еден 48 годишен маж во возило влета во толпа во градот Мунстер на 7 април и уби две лица, пред да се самоубие.

„Досега не постојат индикации за можна основа за злосторството“, изјави денескаобвинителот Мартин Ботенхарт.

Комбе влета во луѓе кое седеле пред ресторан во стариот дел на градот. Двајца загинаа, а 20 луѓе беа повредени, пред возачот да се застрела. Од повредените шестмина се во тешка состојба.

Министерот за внатрешни работи на државата Северна Рајна-Вестфалија каде што се наоѓа Мунстер, Херберт Реул, вели дека се верува оти возачот е германски државјанин.

Локалните медиуми претходно јавуваа дека возачот страдал од психолошки проблеми, но полицијата не го потврдува ова.

Властите велат дека нема индикации дека станува збор за исламистички напад.

XS
SM
MD
LG