Достапни линкови

Комбе влета во луѓе во Германија, има загинати, околу 30 се повредени


Најмалку четворица луѓе загинаа, а околу 30 се повредени кога комбе влета во група луѓе во градот Мунстер во западна Германија, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Возачот, според полицијата, се самоубил.

Претходно, полицијата соопшти дека комбето удрило во мала група луѓе во центарот на градот и ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа.

Полицијата преку Твитер побара од граѓаните да избегнуваат шпекулации за причината за инцидентот, која засега не е позната.

XS
SM
MD
LG