Достапни линкови

Груевски негира вмешаност во настаните на 27-ми април


Поранешниот премиер Никола Груевски доаѓа во Кривичниот суд во Скопје на судењето за случајот Титаник

Поранешниот премиер Никола Груевски се пожали дека за сè во државата го обвинуваат него за да се оттргне вниманието од вистиснките проблеми. Негира дека тој наредил да започнат настаните на 27 април. Обвинува дека Судот врши притосок да се завршат процесите против него.

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски негира дека тој или негов телохранител дале телефонска наредба од Виена за почеток на насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Груевски, по завршување на првото рочиште за предметот Титаник, изјави дека ако имало докази за него за случувањата во Собранието на 27 април, тој веќе ќе бил заедно со другите уапсени.

Да имаше „Д“ од доказ немаше да бидам тука, што не значи дека тие што ги уапсија се виновни. Ги уапсија и тие не се виновни, но тие го понесоа товарот на тој случај. Ги повикувам ако имаат каков било доказ против мене, веднаш без двоумење да го објават“, рече Груевски.

Со „Титаник“ отворена новата зграда на Кривичен суд
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Обвинителството минатата недела подигна обвинение против 30 луѓе за терористичко загрозување на уставниот предок за настаните во Собранието. Тогаш беше речено дека во 14 и 30 часот еден од обвинетите добил телефонска наредба да започне активности за влез во Собранието, но не кажаа кој е нарачателот, односно од каде е повикот. Потоа во дел медиуми излезе информација дека повикот е од Виена, каде тогаш беше Груевски, и дека повикот го сторил некој од неговото обезбедување. Груевски негира дека тоа го направил неговиот телохранител, кој, како што рече, разговарал само со неговата сопруга и неговиот брат, а тоа биле само семејни разговори. Брат на неговиот телохранител е Александар Василевски - Нинџа, кој, според обвинението добил повик да ја започне акцијата за упад во Собранието.

Груевски обвини дека обвинувањата дека тој стои зад 27 април и сите случаи што СЈО ги води против него се, за како што вели, да се оттргне вниманието од вистинските проблеми и од грешките што ги прави актуелната власт. Според Груевски, сите тие случаи ги нарачува, како што вели, „тој кој има интерес да не се зборува за неговите грешки“.

Обвинетите во Титаник не можат да ги прочитаат доказите на илјадници страници

Груевски и сопартијците ја сефтосаа новата зграда на Кривичниот суд, истата онаа на која тој како премиер фрлаше лопата за камен темелник. Груевски и уште 20 обвинети се дел од предметот Титаник на СЈО за изборни нерегуларности и манипулации. Покрај Груевски, обвинети се и поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, поранешните генерални секретари на владата, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, а за првпат во дело на СЈО е обвинет и пратеникот Илија Димовски. Тие се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на пари за финансирање на кампањата во изборната 2012 година, потоа за злоупотреба на службената положба и овластување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, уништување на изборен материјал.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00
Директен линк

Груевски вели дека и на рочиштето за Титаник се гледал притисокот на судот што побргу да се завршат судењата.

„По секоја цена да бидат тие, дури и кога тоа е апсурдно, дури и кога немаат аргументи да се водат едни брзи постапки. Ми беше кажано дека имам еден ден и тоа не цел да прочитам десетици илјади страни што ги испратило СЈО, од кои што претпоставувам најголем дел се нерелевантни, но мора човек да ги прочита за да знае што во нив има“, рече Груевски.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00
Директен линк

На првото рочиште расправата беше одложена за 12 април, оти најголем дел од одбраната се изјасни дека предметот е обемен и немале доволно време да ги прегледаат доказите кои се состојат од илјадници транскрипти од прислушувани разговори и 11 цедеа на кои има разговори и транскрипти од СМС пораки.

Обвинителните од СЈО, пак, велат дека одбраната имала доволно време да врши увид во доказите и дека тие им биле уредно доставувани. Обвинителите сметаат дека барањата за одлагање на рочиштата за предметите на СЈО, се прави за да се одолговлекуваат процесите. Судскиот совет кој го води случајот им даде време до 12 април, за кога е закажано следното рочиште, да може одбраната да врши увид во доказите. Освен неколку рочишта во април, судиите закажаа уште пет термини за судење во мај.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:36 0:00
Директен линк

За време на рочиштето, судијата ги опомена обвинетите да ги остават телефоните настрана, ако не го сторат тоа следниот пат ќе им бидат одземени пред да влезат во судница.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG