Достапни линкови

Најмногу коментари за интервјуто со Мицкоски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Интервјуто со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е најкоментирана тема од нашите читатели на Фејсбук. Тие го коментираат и скандалот со издавањето на збирка со дискриминаторска поезија од страна на Агенцијата за спорт и млади.

Веќе е вообичаено кога РСЕ објавува информација или интервју со претставник на СДСМ или на ВМРО-ДПMНЕ, на нашата ФБ страница да се активираат едните или другите симпатизери или членови. Интервјуто со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски „собрало“ многу негативни коментари, веројатно од симпатизери и членови на СДСМ, но и од луѓе со спротивна политичко-партиска ориентација разочарани од политиките на најголемата опозициска партија.

Дејан Зазов, на пример, напишал во стилот на претстојниот празник Велигден: „Новата партија на ВМРО е најважно да биде чесна партија, тоа досега не е видено, па затоа сакам да го видам. Еднаш се знае дека: ЧЕСТА И ДОСТОИНСТВОТО се поважни од парите. Сега и секогаш, Амин“.

Дејан Мицов Македонски се потсмева со зборовите на Мицкоски дека прво што ќе направи партијата кога ќе се врати во Собранието ќе биде поднесувањето интерпелација за работењето на Владата на Заев: „Хахаха, на кого мачкате очи, бе, немате 61 пратеник“, а во друг пост порачува: „Више од мене ВМРО глас не добива, додека е ова предавничко раководство“.

Саши Егеец вели: „Кога пингвинот и компанија ќе ги вратат украдените пари, тогаш може да размислуваме да гласаме за вас, ајдуци!“ Алил Џаферовски смета дека „секоја мивка не треба да се занимава со политика“, а Горан Стаменков иронизира: „Ок, бидејќи е во прашање голема врата, додека се направи ќе почекате бајаги“.

Александар Блажески порачува: „Кој сакате бидете, веќе не ве гласам, ама баш никој“. Игор Симоноски постирал: „Прочитана приказна сте, заедно сте со СДСМ“.

Голема врева во јавноста се крена поради книгата поезија со дискриминаторска содржина што ја издаде Агенцијата за млади, па реагираат со свои коментари и посетителите на нашата ФБ страница. Јордан Стефков постирал: „За тоа ли господата земаат плата? ЖАЛНО“. Но Николчо Гошевски напишал, дали со иронија или не: „Тоа е реализам, ич не се разбирате во модерни правци“.

РСЕ објавува информација дека пред две години 57%, а сега над 71% од Грците не прифаќаат сложено име со терминот Македонија. Љубиша Петровски кратко коментирал: „Нормално, само Македонија!“, а Игор Петрушевски смета дека „Грција/Грците немаат право на мислење, особено за името на Република Македонија“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG