Достапни линкови

Агенцијата за млади издаде поезија со дискриминаторска содржина


Илустрација.Книги.

Збирка поезија од проектот „Млади поети“, издадена од Агенцијата за млади и спорт, во која се објавени стихови со недолична и инкриминирачка содржина, предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи. Една од песните е со наслов „Партиски вработена“ која изобилува со сексизам, вулгарности и навреди. Втората песна за која имаше низа комeнтари на социјалните мрежи и во кои граѓаните препознаваат албанофобија, е со наслов „Моите соседи“. Автор на двете песни е Даниел Пиљаковски.

Публикацијата е испечатена во тираж од 5.000 примероци, а уредник е директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.

Како што објавија дел од медиумите, од Агенцијата за млади и спорт се оградуваат од содржината и велат дека изборот на песни кои се објавуваат го направила надворешна комисија, која требало да направи соодветна селекција, а АМС немала увид во содржината.

„Агенцијата за млади и спорт смета дека содржината е недолична. Во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, по што јавноста ќе биде информирана за мерките и одговорноста кои ќе се преземат". наведуваат од Агенцијата.

XS
SM
MD
LG