Достапни линкови

Времето денеска променливо со повремени врнежи


Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Утринската температура се движи од нула до шест, а дневната ќе биде од три до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура достигна до четири, а дневната ќе биде до 12 степени.

Од четврток ќе има позначителен пораст на дневната температура, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

XS
SM
MD
LG