Достапни линкови

Втор ден од посетата на Коѕијас на Македонија


Никос Коѕијас и Никола Димитров

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој од синоќа престојува во дводневна посета на Македонија, денеска најпрвин ќе се сретне со својот македонски колега Никола Димитров. Тие ќе имаат тет а тет средба, а потоа следуваат пленарни разговори меѓу двете делегации. Двајцата министри потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

Позициите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договори за решавање на прашањето за името ќе бидат тема на средбата. Се очекува, како што соопшти МНР, разговорите на министрите Димитров и Коѕијас да бидат во контекст на напорите за надминување на разликита околу името, како и на други билатерални прашања од заеднички интерес, со акцент на имплементацијата на мерките за градење доверба.

Коѕијас денеска ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, како и од заменик премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

XS
SM
MD
LG