Достапни линкови

Парламентарни избори во Италија


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

Гласачите во Италија денеска избираат нов парламент, а во трката за состав на нова влада учествуваат популисти и крајно десни партии, меѓу кои и коалицијата на поранешниот трикратен премиер Силвио Берлускони, како и централно-левата алијанса. Според аналитичарите, денешното гласање би можело да заврши со многу тесен резултат меѓу 4 најголеми фаворити.

Берлускони, кој има 81 година, не може да учествува во трката за премиер поради пресуда за даночна измама, но се очекува да има клучна улога во идната влада на претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, кој е негов кандидат за премиер.

XS
SM
MD
LG