Достапни линкови

Проблемот со името „залак во грло“ на граѓаните


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Задолжувањата, горливиот проблем со преговорите за името и посетата на бугарскиот претседател на Македонија, предизвикале најмногу коментари на социјалните мрежи.

Посетителите на ФБ страницата на РСЕ беа активни и во изминатата недела, па реагираат на редовното неделно интервју со професор Трајко Славески, инаку член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој, покрај другото, вели дека јавноста од новата влада очекувала да се трошат повеќе пари за инфраструктура, а Коки Петров пресметал колку милиони евра се задолжила новата влада за неполни десет месеци, па прашува дали тие пари се вложени во капитални инвестиции и каде била транспарентноста за трошењето на земените кредити.

Славески - Се фетишизира прашањето на задолжувањето
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:27 0:00

Ѓорги Пеев исто така со критика за актуелната власт и со идеја за трета опција: „Па и СДСМ беа во опозиција и кажуваа како треба, ама сега на власт некако истите грешки ги прават ако не и поголеми“, вели. „Значи треба нови, а не СДСМ - ВМРО“, постирал Ѓорги Пеев. Миле Грмаскоски со спротивно мислење и со препорака до сегашната опозиција: „Господинот требаше да го прави ова кога беше на власт, а не сега цела опозиција знае да кажува што треба да се прави“.

Горливиот проблем со преговорите за името

Горливиот проблем со преговорите за името и информациите за нив е залакот в грло на оние што го следат РСЕ, па по сите наши информации за тоа, посетителите „истураат“ клетви и пцовки коишто ги надминуваат границите на пристојноста, па се многу ретки коментарите во кои нема јазик на омраза.

Владимир Свртинов смета дека со Грција требало да се преговара само за името, а не „нашиве неписмени преговарачи“, како што напишал, „тргнаа со преговори за седум точки!“ Милан Димовски постирал: „Зар на луѓево не им е страв од народот? Зошто одат против оние што ги гласале“, а Вера Велковска постирала со иронија: „Власта си тера по свое, кучињата лаат карванот си врви... Можеме до бесконечност да си коментираме и да се навредуваме, но промена нема на подобро. Народот си страда, ама ако, научени сме на страдање, нели?“, запишала Вера Велковска. Голем број постови содржат препорака медијаторот Нимиц да се повлече од преговорите, а Република Македонија да прекине да преговара. Но, Марјанчо Ангеловски смета дека треба да продолжиме со преговорите и да сме „конструктивни и со прагматизам и со предлози за име за дипломатски цели, во комбинација со Хашката пресуда“, за да покажеме дека ги почитуваме резолуциите на ОН. Сузе Костовска, пак постирала дека „ниту според привремената спогодба ниту според Резолуцијата на ОН немаат право да нè преименуваат“.

Има многу коментари и по информациите за посетата на бугарскиот претседател Радев на земјава, но главно повеќето со негативни ставови во врска со неговата изјава дека решението за името да не содржело географска одредница која би опфаќала делови од територијата на Бугарија и, надоврзани на тоа, лути коментари за сите нам соседни држави.

Радев: Идното име на Македонија да не и штети на Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG