Достапни линкови

Премиерите на Грција и Турција разговарале за кризата на Егејско море


Премиерот на Грција Алексис Ципрас

Премиерите на Грција и на Турција Алексис Ципрас и Бинали Јилдирим синоќа телефонски разговарале за грчко турската криза на Егејот, околу малите ненаселени острови кај кои почнаа да се собираат бродови на крајбрежната стража на двете земји. И Атина и Анкара велат дека островите се нивни. Грчките медиуми јавуваат дека Ципрас и Јилдирим разговарале за „турската провокација“, додека турските го тврдат спротивното, оти Грција ја провоцира Турција. До разговорот дошло по барање на Анкара при што, според грчките медиуми, Ципрас остро укажал дека ситуацијата кај островите Имија кои Турција ги нарекува Кардак, претставуваат директно поткпување на турско грчките и турско европските односи. Инцидентот почнал во понеделникот кога турски патролен брод се обидел да истера еден грчки брод.

XS
SM
MD
LG