Достапни линкови

Нов мандат на Путин за нова стратегија за Балканот


Путин - Нов мандат за нова стратегија на Балканот?
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:20 0:00

Путин - Нов мандат за нова стратегија на Балканот?

Македонија била мета на силно руско политичко влијание, кое по политичката криза почнало да спласнува. Но, велат аналитичарите, некои прашања останале отворени – Дали Москва се уште контролира одредени политички сили на Балканот и дали со нов мандат за Путин ќе има нова руска стратегија за Балканот?

Заглавени во чекалната на НАТО и ЕУ, со клима на нетранспарентност, корупција и авторитаризам, но и без поголема акција од Европа, Македонија и Западен Балкан во изминатите неколку години биле идеална оперативна основа за Русија. Целта била мешање во внатрешната политика и предизвикување контролиран политички хаос на патот на државите од Западен Балкан, а со тоа и Македонија, кон Унијата и Алијансата.

Овие заклучоци на десетина политички експерти се содржани во годишниот извештај презентиран пред лордовите во Горниот дом на британскиот Парламент и во последниот извештај на Европскиот совет за меѓународни односи.

Тие сметаат дека руското влијание во регионот е малигно, наспроти неодамнешната изјава на рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак, дека Русија никогаш не се мешала во внатрешните работи на Македонија.

Голем дел од експертите и високите политички функционери кои биле консултирани во изготвувањето на извештајот за Домот на лордовите сметаат дека руското влијание во регионот е малигно и во пракса било преточено преку економските инвестиции, религијата, граѓанскиот сектор и медиумите од типот на РТ и Спутник, кои, како што стои во извештаите, на ова поле се покажале посилни и од западните новински агенции.

Премиерите на земјите од Западен Балкан со шефицата на европската надворешна политика Федерика Могерини
Премиерите на земјите од Западен Балкан со шефицата на европската надворешна политика Федерика Могерини

Поткопување на западниот модел без руска алтернатива

Британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан, чија анализа е вклучена во извештајот подготвен за британскиот Горен дом, смета дека сето тоа се должи на руските долгогодишни односи со регионот – историски, културни, политички, а влијанието се обиделе да го направат најмногу преку религијата и енергетскиот сектор, но и преку информативни кампањи и врски со политичарите. Се со една цел, вели Данкан, предизвикување поделба секаде каде што може.

Во истиот извештај д-р Анди Хоџај од Универзитет во Ворвик вели дека Британија и ЕУ треба да бидат загрижени поради „зголемувањето на руското влијание и мешање во Западен Балкан“, а д-р Јарослав Вишњевски од Лондонската економска школа додава дека Русија го смета Западен Балкан за „мека безнадежност на Европа и се обидувала да го поткопа западниот модел и неговите достигнувања во регионот“.

Во извештајот се заклучува дека „Русија, без оглед дали нејзините намери биле добри или лоши, не обезбедила алтернативна понуда место зачленување во НАТО и ЕУ“.

Дали Москва сé уште контролира значајни политички сили во Македонија?

Институтот за меѓународна безбедност од Прага ја гледа улогата на Русија како голема, со значително политичко мешање во Македонија и Црна Гора. Руските удари во Македонија и Црна Гора не успеаја, но Москва сé уште контролира значајните политичките сили во овие земји“, стои во извештајот претставен пред британскиот Горен дом.

Со ова, според истиот извештај, веќе не се сложуваат дел од консултираните аналитичари кои тврдат дека моќта на Кремљ во регионот спласнала.

„Независниот аналитичар Лаза Кекиќ вели дека Русија претрпела неколку огромни удари. Приемот на Црна Гора во НАТО и падот на владата на Никола Груевски во Македонија, според него, се примери за директно спречување на руските интереси“, се наведува во извештајот.

Директен линк

Контролиран хаос: Како Русија ја менаџира својата војна во Европа

Под овој наслов, Европскиот совет за меѓународни односи го објави своето најново истражување на руското влијание во Западен Балкан и заклучува: „Москва користи активни мерки кои опфаќаат сè што може да му биде од корист на Кремљ во остварувањето на своите планови, а тие се неутрализирање на Европа и ширење на своето влијание“.

Клучното е дека Владимир Путин и неговите луѓе во генерални црти покажаа дека сакаат да ја видат Европа поделена, земјите скарани и меѓусебно и одвнатре. За таа цел тој ги користи инструментите како што се црквата, бизнисот, владините медиуми и граѓанскиот сектор. Тоа се неговите агенти на хаосот“, стои во извештајот на Европскиот совет за меѓународни односи.

Годинава Кремљ ќе го открие планот за Балканот?

Марк Галеоти, координаторот на Центарот за европска безбедност при Институтот за меѓународни односи, кој е и автор на истражувањето „Контролиран хаос“, смета дека лани Москва не покажала единствен план за регионот, но оти очекува оваа година да ја видиме целата стратегија на Путин, кој, според многу аналитичари, ќе добие нов претседателски мандат.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:20 0:00
Директен линк

Сите знаеме што сака Путин. Има многу актери индивидуалци кои може да бидат амбасадори или политички функционери, шпиуни или руски бизнисмени, но и локални бизнисмени кои сакаат добар договор со Русија и кои се обидуваат да направат се за агендата на Кремљ. На Русија не и е важно зошто тие луѓе го прават тоа, важно ѝ е да се вклопуваат во нејзиниот план “, вели Галеоти во интервју за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG