Достапни линкови

За граѓаните ЕУ е најдобриот странски сојузник на Македонија


Кој е најдобриот странски сојузник на Македонија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:39 0:00

Кој е најдобриот странски сојузник на Македонија?

Истражувањето на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје, направено на крајот на 2017 година, покажува дека речиси половина од македонските граѓани сметаат дека ЕУ и е најдобриот странски сојузник на Македонија, а останатите се поделени меѓу САД, Русија и Турција.

Европската унија треба да биде наш најдобар сојузник во иднина, сметаат граѓаните на Македонија опфатени во најновото истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје, кое наскоро ќе биде објавено. Веднаш зад Унијата на листата се САД, а потоа следуваат Русија и Турција.

Подетално, 41,8 отсто од испитаниците во сондажата одговориле дека ЕУ е најдобар странски сојузник на Македонија, 16,6 отсто сметаат дека тоа се САД, а 13,8 проценти сметаат дека тоа е Русија. Во изборот на сојузници се и Турција и Кина, за кои се изјасниле 7,4, односно 4,8 отсто од македонските граѓани.

Според етничката припадност, најголемиот дел од Албанците во Македонија опфатени во истражувањето, за најдобар партнер ја сметаат Европската унија, додeка Македонците се поделени меѓу двете евроатлантски асоцијации и Русија.

Симпатии за Русија во кризната 2017 година

За разлика од последното истражување на јавното мислење, во сондажата направена на крајот од 2016 година, довербата за тоа кој од светските лидери е најдобар македонски партнер била речиси подеднакво поделена меѓу Брисел и Москва. Околу 26% од граѓаните тогаш сметале дека ЕУ е нашиот најдобар странски сојузник, а само 1 процент помалку од населението во таа улога ја гледале Русија.

„Минатата година кога Македонија беше во цутот на една од најголемите кризи по конфликтот од 2001 година, перцепцијата на граѓаните за тоа кој ќе биде најпретпочитуваниот сојузник беше речеси подеднакво за ЕУ и Русија, односно во голема мера податоците за Русија беа изедначени со процентите за ЕУ“, вели Зоран Нечев од Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:29 0:00
Директен линк

Зоран Нечев, Институт за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје
Зоран Нечев, Институт за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје

Според истражувачите од Институтот за демократија, во 2016 година, имало значителна разлика помеѓу двете најголеми етнички групи во Македонија во однос на нивните перцепции за најдобар или најпретпочитуван надворешен сојузник на Македонија. Тогаш највисокиот процент на етнички Албанците ја поддржувале ЕУ и САД, додека најголем дел од етничките Македонци ја одбрале Русија.

Празнината направена од ЕУ и НАТО ја искористила Москва

И покрај јасната евроатлантска определба на Македонија, поради oпаѓачката поддршка за процесот на пристапување во ЕУ, во 2016 година доминира евроскептицизмот, а празнината направена со недостатокот од конкретна акција од Западот се повеќе се пополнуваше со проруски позиции, коментираат од Институтот за демократија.

„Во тоа време увиден е голем простор кој е оставен од ЕУ и од САД, а со тоа и од НАТО. Тој простор тогаш го искористила Русија за да го зголеми своето влијание“, коментира Нечев за Радио Слободна Европа.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:36 0:00
Директен линк

„Социетас цивилис“, во своето последно публикувано истражување за 2016, заклучува дека „иако ЕУ е сè уште е најпретпочитуваниот сојузник, симпатиите на граѓаните кон Руската Федерација и евентуланото нејзино продлабочено инволвирање може да има негативен ефект врз поддршката за членство во ЕУ“.

Инфографика - Кој е најдобриот странски сојузник на Македонија - 2016 и 2017 година
Инфографика - Кој е најдобриот странски сојузник на Македонија - 2016 и 2017 година

Расте кредибилетот на Брисел и Вашингтон

По кризната 2017 година, се забележува драстичен скок на процентот на граѓани кои во САД и ЕУ го гледаат најсигурниот партнер на Македонија.

„Сега, откако имаме враќање на европскиот пат, кога видовме зголемен интензитет на делување на ЕУ и на САД во решавање и во медијација на целата криза, податоците покажуваат дека перцепцијата на граѓаните за напретпочитуван сојузник пораснала во корист на ЕУ со над 40 проценти, додека за Русија тој процент паѓа под 20 проценти“, вели Нечев.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:28 0:00
Директен линк

Највлијателен надворешен фактор

Во однос на влијанието кое го имаат странските земји во Македонија, скоро половина од испитаниците сметаат дека САД е земјата со најголемо влијание во Македонија, наспроти 22,8% од испитаниците кои веруваат дека тоа е ЕУ. Нема значителна разлика ако се гледаат овие одговори од перспектива на етничка припадност и во однос на нивниот став за процесот за пристапување на Македонија во ЕУ, покажува последниот објавен извештај на „Социетас цивилис“.

XS
SM
MD
LG