Достапни линкови

Шпанските скали на плоштад нема да се градат


Шпански скали на плоштадот Македонија како дел од проектот Скопје 2014.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ го поништил решението за изградба на Шпанските скали на плоштадот Македонија. Објектот за комерцијални и деловни намени, познат како Шпански сали, требаше да го гради фирмата „Амадеус Девелопмент“ во центарот на градот, но сега градоначалникот Богдановиќ го поништил решението. Надлежните во општината констатирале дека инвеститорот во рок од две години по правосилноста на решението, колку што пропишува Законот за градење, не започнал со изградба на објектот.

Според член 66 став 1 од Законот, одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно. Со поништеното решение вон сила се става изградбата на Шпанските скали на Плоштад Македонија.

Во 2015 година, Општина Центар издала дозвола за изградба на објектот, а советниците на Град Скопје, дадоа зелено светло за Шпанските скали, бидејќи површината на која тие требаше да се градат е под надлежност на Градот.

Шпанските скали беа дел и од опизициските „бомби“.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00
Директен линк

XS
SM
MD
LG