Достапни линкови

Американскиот Сенат го усвои буџетскиот договор


лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел

Сенатот на САД го одобри буџетски договор, кој го вклучува и законот за финансирање на владата, но беше премногу доцна за да се спречи делумно затворање на федералната влада. Затворањето кое технички започна на полноќ е второ во оваа година. Претходно, републиканскиот сенатор Ранд Пол го искористи процедуралното право и го спречи гласањето пред полноќ. Сега законот треба да биде усвоен од Претставничкиот дом а потоа и потпишан и од претседателот Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG