Достапни линкови

Филипче: Ги изложив сите фактори за смртноста на новороденчињата.


Жал ми за реакциите, но јас зборував за сите фактори за смртноста на новороденчињата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Жал ми е за реакциите но јас зборував за сите фактори за смртноста на новороденчињата

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека жали за негативната реакција затоа што во своето излагање ги спомнал сите фактори кои министерството смета дека влијаат на смртноста на новороденчињата во Македонија.

Сакајќи да направиме акциски план за стратегија за серизно да се зафатиме со решавање на овој проблем, сакавме да влијаеме врз сите фактори за кои сметаме дека имаат влијание на проблематиката со која што сме се зафатиле, вели министерот Филипче за Радио Слободна Европа.

„Се осврнуваме и имаме план за тоа како ќе влијаеме на ниво на Гинеколошката клиника во смисла на набавување на соодветна опрема, веќе се започна со процесот на набавување на инкубатори. Понатаму имаме план за подигнување на нивото на знаење на докторите кои работат во таа струка. Работиме и на примање нови доктори како гинеколози по општините таки и на неонатолози во родилиштата. Ги активираме мобилните гинеколошки амбуланти сместени во специјални возила за пациентки на кои не им е таа услуга достапна“ изјави мнистерот Филипче.

Тој негира дека во 40 општини нема матични гинеколози, како што го прозва јавноста и посочи дека проблемот е присутен во Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Пехчево и во општината Бутел во Скопје.

„Нема гинеколози во пет општини во државaта” вели министерот и повтори дека решенијата ќе се бараат со едукација, примања нови кадри, мобилните гинеколошки амбуланти и подигање на свеста на жените насекаде низ државата.

Деновиве во јавноста имаше бројни реакции по изјавата на министерот Филипче дека проблемот со високата стапка на смртност на новореденчињата и родилки во Македонија е и поради тоа што родилките не водат грижа за нивната здравствена состојба. Беа изнесени информации за лоши состојби во примарната здравствена заштита и дека во 40 општини нема матични гинеколози, а жените треба да патуваат за да отидат на гинеколог.

XS
SM
MD
LG