Достапни линкови

Србија-десетици мигранти преместени во мигрантски кампови


Србија-камп за мигранти и бегалци Крњача,16.01.2018

Српските власти соопштија дека преместиле десетици мигранти од илегалното собиралиште во Белград во мигрантски центри. Во денешното соопштение на координаторот на акцијата и на Министерството за правда се наведува дека на мигрантите им се обезбедени соодветни услови и целосна заштита во согласност со законите на Србија и меѓународните стандарди. Во него се наведува и дека акцијата била спроведена без да предизвика какви било инциденти.

Илјадници мигранти и бегалци се уште се во Србија откако беа заострени граничните правила и тие не можеа да поминат по т.н. балканска рута. Според српските хуманитарни организации околу 4000 луѓе живеат во мигрантските кампови во земјата, а група од околу 500 луѓе се надвор од таквите објекти.

XS
SM
MD
LG