Достапни линкови

Ахмети: Референдум за името може да го комплицира процесот


Архива: Лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Договор за името може да се постигне што е можно побрзо и тој да биде ратификуван во Парламентот, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на средба со европратеници додавајќи дека евентуален референдум може да го комплицира процесот.

Ахмети, кој имаше средба со европратениците Виктор Боштинару, Тања Фајон, Тонино Пицула, рече дека компромис за решавање на спорот за името треба да се постигне сега почитувајќи ги карактеристиките на страните и размислувајќи за заедничката иднина во евроатлантското семејство, соопштуваат од ДУИ.

Европратениците изразиле целосна поддршка на агендата на парламентарното мнозинство и реформската влада.

XS
SM
MD
LG