Достапни линкови

ЕЛЕМ: Трансмет се откажа од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола


Илустрација - АД ЕЛЕМ

АД ЕЛЕМ соопшти дека правното лице Трансмет се откажало од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола и ги известило дека се повлекува од претходно добиениот тендер поради неможност да ги исполни обврските за ископ според утврдената динамика.

Во соопштението се наведува дека договорот со Трансмет од денеска е раскинат и дека АД ЕЛЕМ ќе ги преземе сите правни дејствија кои му стојат на располагање согласно договорот и законите за да ја намали штетата несовесното работење на компанијата.

„АД ЕЛЕМ ќе ја наплати банкарската гаранција од 300 илјади евра, која има право да ја активира по неколку основи од договорот, кои ТРАНСМЕТ ги прекрши. АД ЕЛЕМ ќе испрати известување до Бирото за јавни набавки за активирање на банкарската гаранција, по што следува издавање негативна референца од страна на бирото за конкретното правно лице, со што ова правно лице ќе биде спречено да учествува на државни тендери во траење од една година и ќе биде оневозможено да нанесе евентуална штета врз други државни фирми и институции“, стои во соопштението.

ЕЛЕМ ќе распише нов тендер за избор на надворешна фирма за ископ на јаглен во РЕК Битола, односно во рудникот Брод-Гнеотино.

XS
SM
MD
LG