Достапни линкови

Камбовски предлага Врховниот суд да биде на врвот на судската власт


Архива: Академик Владо Камбовски.

Врховниот суд којшто ја има уставната позиција на врв на судската власт, е ставен во второстепена позиција, оцени академик Владо Камбовски на денешната дебата за измени во законите за судови и за судски совет. Тој предлага враќање на позицијата на Врховниот суд како врв на судската власт и реафирмација на улогата на судството.

„Повеќепати сме расправале за тоа кој е врв на судската власт. Одговорот изречно или премолчено беше дека тоа е Судскиот совет што е апсолутно несообразно со уставната концепција, според која Судскиот совет е само орган кој ја гарантира таквата позиција на Врховниот суд, а не го суптитуира Врховниот суд, рече академик Камбовски.

Тој смета дека треба да се вметне и формулација со која управните органи ќе бидат должни да постапуваат по одлуките и препораките на судовите.

XS
SM
MD
LG