Достапни линкови

Авганистанскиот претседател: „Пакистан е центар на Талибанците“


Архива: Авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани соседниот Пакистан го нарече „центар на Талибанците“, повикувајќи да се преземат дејствија против милитантната група. Во денешното обраќање до нацијата, Гани рече дека на пакистанските власти им доставиле „целосна листа“ на бунтовниците.

„Чекаме акција. Разговорите и процесот се само зборови на хартија, авганистанскиот народ јасни акции“, рече тој.

Коментарите на Гани доаѓаат по бројни смртоносни напади во главниот град Кабул, вклучително масовниот самоубиствен напад со автомобил бомба во кој беа убиени повеќе од 100 луѓе, за кој одговорност презедоа Талибанците.

Исламабад негира дека ги засолнува милитантните групи кои спроведуваат напади во Авганистан.

XS
SM
MD
LG