Достапни линкови

Најстариот син на Фидел Кастро изврши самоубиство


Архива:Фидел Кастро Дијаз-Баларт.

Кубанските државни медиуми известуваат дека најстариот син на поранешниот лидер Фидел Кастро извршил самоубиство на 68-годишна возраст. Весникот „Гранма“ денеска пишува дека на 1 февруари Фидел Кастро Дијаз-Баларт „кој неколку месеци бил во придружба на група доктори поради неговата состојба на длабока депресија, утрово изврши самоубиство.“

Фидел Кастро Дијаз-Баларт беше познат како „Фиделито“ поради блискоста со неговиот татко кој имаше 11 деца, се вели во официјалните информации.

Државните медиуми објавија дека тој бил научен советник во државниот совет и исто така потпретседател на Кубанската академија на науките.

Тој е син на првата сопруга на Фидел Кастро, Марта Дијаз-Баларт Гутиерес.

XS
SM
MD
LG