Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ - Скандалозна е одлуката за продолжување на притворите


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалозна е одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите во луѓето во врска со настаните во Собранието на 27 април, оценува опозициската ВМРО-ДПМЕН во соопштение.

„Институциите уште еднаш паднаа на тестот за владеење на правото. Судот со одлуката да ги отфрли жалбите за ослободување од притвор на патриотите кои ја бранеа оваа држава уште еднаш потврди дека ги подржува катастрофалните политики кои водат кон се поголем раздор и продлабочување на кризата“, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ одлуката на судот е политичка конструкција.

Апелациониот суд Скопје вчера ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на единаесет лица осомничени за насилството во Собранието на 27 април.

XS
SM
MD
LG