Достапни линкови

Судот ги одби жалбите за притворот на 11 осомничени за настаните од 27 април


Актерот Владо Јовановски дел од иницијативата „За заедничка Македонија“, откако демонстрантите влегоа во Собранието.

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на единаесет лица осомничени за насилството во Собранието на 27 април. Судот по одржаните седници вчера и денеска соопшти дека се одбиени жалбите на обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славковски, а се очекува Апелација да ги соопшти одлуките за жалбите на уште седум обвинети кои се жалеа за изречената мерка притвор.

XS
SM
MD
LG