Достапни линкови

Стејт департмент: граѓани на САД да не патуваат во Косово и БиХ поради ризик од тероризам


Американскиот Стејт департмент објави обновенo предупредување до американските граѓани кои патуваат во странство. На интерактивна карта поместена на веб-сајтот на Стејт департментот, сите земји се поделени во четири категории. Косово и Босна и Херцеговина се ставени во втора категорија, односно дека постои ризик од нарушена безбедносната ситуација и се препорачува особена внимателност и будност при патување во овие земји. „Во некои градови и села како Северна Митровица, Лепосавич, Зубин Поток и Звечан можни се граѓански немири“, се вели во предупредувањето. Исто така се наведува дека терористички групи од Косово и Босна и Херцеговина подготвувале можни напади во регионот на Балканот. „Терористи можат да извршат напад без предупредување. Нивна цел се туристички локации, пазари и шопинг центри, локални владини установи, хотели, клубови, религиозни места, паркови или големи спортски и културни настани“, се вели во предупредувањето.

XS
SM
MD
LG