Достапни линкови

Јункер: мора да поставиме темели за прием на земјите од Западен Балкан


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека земјите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за членство во ЕУ и оти таа мора да постави темели за нивен прием. „Земјите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за пристап кон ЕУ. Таа нема да биде спроведена во дело за време на мојот мандат, но мора да поставиме темели за тоа, а дотичните земји мора да ги направат неопходните реформи за да дојде до нивен прием“, изјави Јункер за Дојче веле. Според него, добро е што Бугарија како една од најважните теми во текот на нејзиното претседавање со Унијата го прогласи приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ.

XS
SM
MD
LG