Достапни линкови

ЦИА негира поврзаност со протестите во Иран


Директорот на ЦИА Мајк Помпео

Директорот на ЦИА Мајк Помпео отфрли каква била вмешаност на оваа разузнавачка агенција во демонстрациите што го потресоа Иран во минатата недела. Одговарјќи на обвинувањата од иранските власти Помпео за телевизијата „Фокс“ изјави дека на демонстрациите учествувал иранскиот народ кој барал подобри услови за живот и раскинување со теократскиот режим под кој живеаат од 1979 година. Иранскиот јавен обвинител Мухамед Џафер Монтазери ги обвини САД, Израел и Саудиска Арабија дека се поттикнувачи на насилствата во кои загинаа над 20 демонстранти.

XS
SM
MD
LG