Достапни линкови

Десетици загинати во експлозија во Кабул


Авганистанските полицајци чуваат стража на местото на експлозијата во Кабул, 13 септември 2017 година

Министерството за здравство соопшти дека 11 лица загинале, а 25 други се повредени кога бомбаш-самоубиец се разнесе во Кабул, додека безбедносниот персонал спроведувал операција на местото на настанот пред нападот. "Ние можеме да потврдиме дека до сега 11 тела беа донесени во нашите болници, како и 25 ранети", објави новинската агенција АФП. Портпаролот на Министерството за здравство, Вахид Мајрох, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми. Новинската агенција Ројтерс обајви дека нејзиниот новинар видел четири полициски возила што носеле жртви од местото на несреќата во областа недалеку од странските мисии, вклучувајќи ја и американската амбасада. Полицијата соопшти дека безбедносниот персонал спровел операција против нелегални дроги и алкохолни трансакции во областа пред експлозијата. Новинската агенција АФП објави дека 20 лица биле убиени во нападот. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот

XS
SM
MD
LG