Достапни линкови

Временска прогноза: сончево со локална облачност


Во Македонија ќе биде сончево со локална облачност и релативно топло за овој период од годината. Стабилното и суво време ќе се задржи до среда. Во вторник и во среда наутро ќе има магла по одделни котлини. Веќе од четврток ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд во западните делови и снег на планините. Во петок врнежите ќе бидат помали, но ќе биде постудено и се очекува слаб снег на одделни места и на повисоките места, особено на запад. Температурите ќе ќе се движат од -4 наутро до 16 степени преку ден.

XS
SM
MD
LG