Достапни линкови

Во Скопје се одржа марш на црвените чадори


Во Скопје на улица „Македонија“, денеска по десетти пат се одржа марш на црвените чадори, во рамки на меѓународниот ден „Стоп за насилството врз сексуалните работници“, во организација на Граѓанската иницијатива за заштита на правата на сексуалните работници „Стар-стар“.

Претставници на организацијата посочуваат дека во земјава има од 3.000 до 5.000 сексуални работници, кои секојдневно се изложени на насилство, не само од клинетите, туку и од полицијата од која бараат заштита.

Сексуалните работнички со црвени чадори, облечени во долна облека и со маски на очите, денеска маршираа низ Скопје. Тие порачаа да престане насилството врз нив, а институциите и полицијата да ги заштитат. Апелираа да престанат предрасудите кон нив.

Во Скопје вчера, по повод Меѓународниот ден - Стоп за насилството врз сексуалните работници, беше поставена уметничка инсталација со девојки во излог, кога еден од објектите на булеварот „Климент Охридски“ беше претворен во излог сличен на квартот на црвените фенери во Амстердам.

Улица на црвените фенери во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

XS
SM
MD
LG