Достапни линкови

Двајца дански новинари избодени во Габон


Полицијата испрашува очевидци за нападот врз данските новинари

Двајца дански новинари од магазинот Нејшнал џеографик биле избодени со нож во главниот град на Габон, Либертсвил, а еден е во критична состојба, соопшти габонската влада. Министерот за одбрана Етијен Масард Макага изјави дека 53-годишниот напаѓач брзо бил уапсен и дека за време на нападот извикувал Алаху акбар(Господ е голем). Напаѓачот ѝ рекол на полицијата дека ги нападнал новинарите во знак на одмазда поради американските напади врз муслиманите.

Новинарите биле нападнати на пазар во главниот град, кој е популарен меѓу туристите.

Ова е прв ваков напад во оваа западноафриканска земја во која нема големи проблеми меѓу христијаните и муслиманите.

XS
SM
MD
LG