Достапни линкови

Предизвиците на новиот Јавен обвинител


Основно јавно обвинителство во Скопје.

Во Собранието на Република Македонија на дневен ред е избор на нов Јавен обвинител. Станува збор за Љубомир Јовески кој доаѓа на местото на Марко Зврлевски. Една од најтешките задачи со кои ќе треба да се справи новиот државен јавен обвинител е да го отргне политичкото влијание од Обвинителството, со што треба политички и економски да ги ослободи обвинителите од разните притисоци, велат правните аналитичари.

Нерешени контроверзни предмети во фиоки, мал буџет, мали обвинителски плати, недостаток на кадар, нецелосно расветлената афера со фалсификувани дипломи за познавање на странски јазици на кандидати за обвинители која го блокира огласот за прием на 60 нови јавни обвинители. Ова се само дел од проблемите кои го чекаат на маса новиот државен јавен обвинител. Една од најтешките задачи со кои ќе треба да се справи е отргнување од политичките канџи, со што треба политички и економски да ги ослободи обвинителите од разните притисоци, велат правните аналитичари.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00
Директен линк

Нерасчистените докрај случаи за смртта на сведокот на Специјалното јавно обвинителство Коста Крпач, потоа сопственикот на Фокус Никола Младенов, Мартин Нешковски, случаите Македонска банка и таканаречениот црн понеделник на 24 декември 2012 кога опозицијата беше избркана од Собранието се дел од предметите за кои во обвинителството беше отворена постапка која траеше долго, но правна разрешница или не добија, или таа што ја добија во јавноста разбуди сомневање дека е под политички притисок донесена.

Поранешната судијка во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца - Николовска, вели дека придвижување на работите во обвинителството се забележуваат и со самата зачестена употреба на законското право да се покренуваат истраги по допрен глас, нешто што досега ретко се користеше.

„Меѓутоа тоа не значи дека тие кои што не постапувале, односно не ги користеле и не ги применувале законските одредби, утре задутре, ако се утврди некаква одговорност дека ќе треба да одговараат“, објаснува Николовска.

Дополнително треба да се работи и врз законски реформи за да се овозможи поправка на нарушениот имиџ на Обвинителството и недовербата на граѓаните во оваа институција, вели поранешниот врховен судија Дане Илиев.

„Затоа е потребно да се воведат други мерки, да се блокира влијанието на извршната власт, извршната власт ќе остане во Јавното обвинителство. Тука се потребни нов закон за Јавно обвинителство, нов закон за кривична постапка“, вели Илиев.

Тој додава дека измените на законот за кривична постапка ќе им ја олесни работата на обвинителите.

„Шестотини судии кои работеа по стариот закон не можеа да се справат со кривична постапка, сега според новиот закон 150 обвинители можеле, а немаат ниту простор, ниту услови, ниту финансии, ништо, а се влезе во примена на новиот закон“, вели Илиев.

Една од клучните работи со кои ќе треба да се зафати новиот шеф на обвинителството е неселективното спроведување на владеењето на правото, велат аналитичарите.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG