Достапни линкови

Реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ и ФРОДЕМ се обединуваат за претстојниот Конгрес


Архива- Прес-конференција на ФРОДЕМ.

Консултации со сите активисти во ВМРО-ДПМНЕ започна Внатрепартиската иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ со цел изградба на обединувачки став за претстојниот Конгрес, информираат од Иницијативата.

Оттаму наведуваат дека извршени се консултации со сите заинтересирани кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и започнати се консултации со ФРОДЕМ, Форумот на слободоумни патриоти, Судени за Македонија и Унија на ветерани, истакнувајќи оти конечниот став за партискиот Конгрес ќе го утврдат и објавен на 17 декември.

„Најзначајно за нас е тоа што во сите досегашни консултации, сите учесници ги прифатија принципите кои произлегуваат од Декларацијата за демократизација и модернизација и Декларацијата Европско ВМРО-ДПМНЕ за Европска Македонија“, велат од Иницијативата.

XS
SM
MD
LG