Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ најавува нови протести


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски предводи група која оди на протест пред Основниот суд Скопје 1 по приведување на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се осомничени за инцидентите на 27 април

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на вчерашното ослободување на осомничените за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро и за тоа што истовремено режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски се однесени во притвор, наместо во домашен притвор, каде што беа претходно.

ВМРО-ДПМНЕ поради тоа за денеска во 18 часот најави нов протест, овој пат пред притворот во Шутка. На протестот ќе има повеќе обраќања од присутните.

„Луѓе кои ја бранеле земјава од терористи и криминалци се наоѓаат во притвор, а за терористите од Диво Насеље, Заев најавува меѓународна истрага за да ги ослободи“, се наведува во партиското соопштение.

XS
SM
MD
LG