Достапни линкови

Израел бомбардирал воени позиции во Сирија


Илустрација: Деца покрај урнатини во Сирија

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека позиции на сириските владини сили и нивните сојузници, југозападно од Дамаск, биле погодени од ракети, кои веројатно се израелски. Била погодена воена база во близина на Кесвех. Тие велат дека се уште е непознато дали магацините биле користени од сириската армија или од нејзините сојузници Иран или либанската шиитска организација Хезболах, кои го поддржуваат режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Израел призна дека извршува воздушни и ракетни напади во Сирија уште од почетокот на војната пред шест година, за да спречи испораки на оружје за Хезболах.

Шиитската организација во 2006 година војуваше против Израел. Во 1967 година, Израел ја презеде контролата врз Голанската Висорамнина, а Сирија бара враќање на областа.

XS
SM
MD
LG