Достапни линкови

Повторно одложена комисиската расправа за буџетот за 2018


Архивска фотографија: Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Повторно е одложена седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која денеска требаше да продолжи расправа по Предлог-буџетот за 2018 година.

Оваа седница почна во понеделникот, а по приведувањата за настаните од 27 април во Собранието, не е одржано ниту едно продолжение.

Општиот претрес по предлогот според Деловникот трае 10 работни денови. По предлогот се поднесени 279 амандмани.

XS
SM
MD
LG