Достапни линкови

Тилерсон и натаму на чело на Стејт департментот


Белата куќа: Тилерсон останува државен секретар
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Белата куќа: Тилерсон останува државен секретар

Рекс Тилерсон ќе остане на функцијата американски државен секретар, соопшти Белата куќа. Претходно некои американски медиуми јавија дека Тилерсон ќе биде заменет од Мајк Помпео кој во моментов е директор на ЦИА.

Портпаролката на Белата Куќа Сара Сандерс запрашана во врска со ваквите наводи изјави дека кога претседателот Доналд Трамп ќе ја загуби довербата во некого веќе не работи со него.

„Мислам дека неговата иднина токму сега е да продолжи да работи напорно како државен секретар, да продолжи да работи со претседателот за спроведување на неговата агенда“, рече таа.

Наводите за смена на Тилерсон беа отфрлени и од Стејт департментот.

Портпаролката Хедер Нојерт изјави дека Тилерсон ја сака својата работа и има намера да остане на чело на Стејт департментот.

„Тој останува, како што ми беше кажано, дека посветен на таа работа. Тој му служи со задоволство на претседателот. Ова е работа во која ужива, продолжува со своите состаноци, продолжува со своите повици“, рече таа.

Нојерт додаде дека шефот на Белата куќа Џон Кели телефонски разговарал со претставници на Стејт департментот за да ги увери дека станува збор за погрешни наводи.

Таа најави дека Тилерсон во текот на идната недела ќе има повеќе важни состаноци во Брисел, Стокхолм, Виена и Париз.

Претходно, некои американски медиуми објавијадека Белата куќа работи на реконструкција на администрацијата и оти сегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео би можело да го преземе месетото на Рекс Тилерсон.

„Њујорк тајмс“ пишува и тоа дека Џон Кели веќе го подговил планот за промени кој би требало да се спроведе околу Новата година.

Весникот додава дека сценариото исто така вклучува замена на Помпео со сенаторот од Арканзас Том Котон.

Тилерсон не се согласуваше со Трамп за голем број политички прашања како на пример за Северна Кореја, а во последно време беше критикуван за планираните големи намалувања на бројот на персоналот во Стејт департментот.

Трамп пак на средбата во Вашингтон со принцот од Бахреин на новинарско прашање дали сака Тилерсон да остане на функцијата кратко изјави: „Тој е тука. Рекс е тука“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG