Достапни линкови

Осуден за воени злосторства испи отров во Хашкиот трибунал


Хашкиот осуденик Слободан Праљак е жив, откако денеска пред трибуналот демонстративно испи, како што беше речено, шишенце со отров.

Хашкиот трибунал денеска правосилно ги потврди долгогодишните затворски казни за претставници на босанските Хрвати, предводени од Јадранко Прлиќ, за воени злосторства врз муслиманите во Босна и Херцеговина во 1993 и 1994 година.

Судењето беше прекинато откако обвинетиот Слободан Праљак изјави дека ја отфрла пресудата, по што испи некаква течност, а неговите адвокати рекоа дека испил отров, по што беше дадена пауза.

Според досега прочитаниот дел од пресудата, поранешниот премиер на „Херцег-Босна“, хрватски ентитет во Босна и Херцеговина, Јадранко Прлиќ е осуден на 25 години затвор.

На поранешниот министер за одбрана на „Херцег-Босна“ Бруно Стојиќ и поранешниот началник на главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана Слободан Прљак им е потврдена првостепената казна од 20 години затвор.

Жалбениот совет на трибуналот ја потврди првостепената пресуда дека Хрватска била вмешана во војната во БиХ и дека првиот претседател на независна Хрватска, Фрањо Туѓман бил дел од здружениот злосторнички потфат заедно со челниците на „Херцег-Босна“.

XS
SM
MD
LG