Достапни линкови

Во Романија досега околу 10.000 лица заболени од морбили


Бројот на заболени од морбили во Романија постојано расте, така што за последните пет дена се регистрирани нови 46 случаи. Досега се регистрирани околу 10.000 заболени.

Националниот центар за набљудување и контрола на заразни болести соопшти дека вкупниот број заболени во Романија е 9.946 лица, од кои околу 9.500 се невакцинирани. Старосната граница најмногу ги опфаќа децата од една до четири години.

Според Центарот, најмногу нови случаи се регистрирани во главниот град Букурешт.

Според статистичките податоци, еден од четворица заболени се хоспитализира, а смртните случаи се бележат на еден спрема илјада.

Вакцината против морбили е за заштита на децата од болеста. Во Романија девет од десет родители ги вакцинираат децата

XS
SM
MD
LG