Достапни линкови

Захарова-Пресудата за Младиќ е продолжение на политизираната тактика на Хаг


Архивска фотографија-портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова

Доживотната казна затвор за поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ е продолжување на политизираната и однапред смислената тактика на Хашкиот трибунал, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Според неа „преземената еднострана, антисрпска тактика од страна на Трибуналот за трагичните настани во 90-те години на територијата на поранешна Југославија, не само што не успеа да го реализира основниот принцип за казнивост за воени злосторства, туку уште еднаш го потткопа процесот за обновување на меѓусебната доверба на Балканот“.

Захарова вели и дека хашкиот трибунал покажал дека е далеку од општоприфатените стандарди за прашања кои гарантираат рокови за судски постапки, како и за фундаменталните права на живот, здравство и медицинска помош.

"Потсетувам дека судот во Хаг во мај оваа година одби да го прифати барањето за времено ослободување на Младиќ со цел тој да се лекува во Русија, иако руската страна достави детални гаранции", истакна портпаролката на руското МНР.

XS
SM
MD
LG