Достапни линкови

Ваши коментари – МПЦ бара од бугарската црква да ѝ биде мајка


Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Можноста БПЦ да го прифати предлогот на Синодот на МПЦ да биде мајка – црква на македонската е најкоментирана тема од нашите читатели.

Судејќи според бројот на постовите и коментарите на нашата ФБ страница, нашите фанови повеќе се загрижени за можноста БПЦ да го прифати предлогот на Синодот на МПЦ да биде мајка - црква на нашата отколку, на пример, еколошкиот инцидент во Охридско Езеро со излевањето нафта од потонат брод во каналот Студенчишта. Реакциите за ова се повеќе шегаџиско-подбивни.

Зоран Петрески прашува: „Што, во Охридско Езеро пронашле нафта?“, а Владо Алач му одговара: „Еве сега се запали и горит езерово“. Трајче Симонов постирал: „Танкерот од Саудиска Арабија се излеа во Охрид. Што ќе се прави, Охрид потоп го фати“.

Во коментарите по информацијата дека во Тетово и Гостивар се затворени 19 локали поради незаконско работење, вообичаено, се меша политика. Агим Велиу коментира: „Кога беше Груевски на власт, СДСМ критикуваше дека овој мава на приватниот сектор. А сега самите ги затвораат дуќаните и еснафот. А од друга страна седат со криминалците од ДУИ на власт“. Љупчо Станкоски, очигледно има лоши сеќавања за некои негативни искуства, па вели: „Каков ред, какви бакрачи. Кој не плаќа рекет се знае – инспекција. Ова не е од вчера, било и ќе биде“. Божидар Младенов коментира: „Сега пак СДСМ виновни, запленети дрога, оружје, на лице место приведени танчарки кои служат за забава како бело робје, ама не е битно, СДСМ се виновни. Во Скопје беа виновни зашто само во Скопје вршеле акција, сега се виновни зашто не се најавиле“. Има и повеќе постови од Македонци кои сметаат дека биле затворени само локали на Македонци, а не и на Албанци.

Но, дефинитивно, информацијата со наслов „МПЦ побара Бугарската православна црква да ѝ биде црква - мајка“ собрала најмногу ваши коментари и постови на нашата ФБ страница. Мнозинството сметаат дека се тоа будалаштини и се чудат на потегот на Синодот и на владиката Стефан, а Дритан Мацедонија исто така се исчудува: „Будалска работа, како можело бугарската црква да биде мајка на Македонската црква!? Македонската си е македонска!“ Онче Македонче му препорачува да не и се меша во верата, „има попој нека работет“. Думе Нусев, пак, реагира на негативните реакции по постот на Дритан, па напишал: „Оставете го човекот, не кажа ништо лошо. Нашиве поголемо зло прават. Наместо да појдеа да прават муабет со Руската православна црква бидејќи е влијателна. Не се секирајте, Господ е голем и сите ќе ги казни“. Владе Тодев резигнирано порачува: „Не сте нормални, Бугарската црква да нè застапува, кој вели така? Вие, синовите Божји што се возите во џипови од 100.000 евра, сега и на море ќе можете да излегувате со јахти.“ Цобе Илијески краток и јасен: „Господ ќе ги казни.“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG