Достапни линкови

Трамп: Направив фантастична работа со турнејата низ Азија


Aмериканскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека направил фантастична работа со турнејата низ Азија која ја заврши денеска . "Тоа беа навистина големи 12 дена, и остварив многу добри пријателства ", изјави Трамп пред новинарите пред полетувањето на авионот од главниот град на Филипините, Манила, каде се одржува самит на лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН). "Мислам дека плодовите на нашиот труд ќе бидат неверојатни", рече Трамп, предвидувајќи дека веќе најавените трговски договори вредни 300 милијарди долари "ќе се зголемат многу брзо" до над 1 трилион долари. Тој не понуди докази за оваа проценка. Пред да замине, Трамп накратко се состана со 18 други светски лидери пред почетокот на самитот на АСЕАН. Но, тој не остане на официјалниот почеток на самитот во попладневните часови и , исто така ја пропушти семејната фотографија со другите лидери. АСЕАН има 10 членови - Австралија, Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Нов Зеланд и Русија, како и САД. За време на неговата турнеја во Азија, Трамп ги посети и Јапонија, Кина, Јужна Кореја и Виетнам

XS
SM
MD
LG