Достапни линкови

„Диво насеље“ и судството со најмногу коментари


Протестен марш по пресудите за „Диво насеље“, Скопје, 5 ноември 2017.

Информациите на РСЕ за протестниот марш против пресудите за „Диво насеље“, неделното интервју со пораката да се тргне политката од судството и интервјуто на претседателот Иванов за Телеграф, предизвикале нејмногу коментари.

На ФБ страницата на РСЕ, по информацијата за протестниот марш по обновеното судење и пресудите за случувањата во кумановско „Диво насеље“, вистинска буица од коментари и постови, повеќето од нив со говор на омраза и од едните и од другите, но и смирени и исчистени од етнички национализам.

Јовче Аморалес се чуди дека на маршот имало многу малку народ, па постирал: „Да, за терористи никој не излегува на вакви собири, браво за чесните Албанци кои не ја поддржаа оваа пародија“. Илир Зенку смета дека „еден месец пред Куманово некој беше платен 2 милиона евра да се случи Куманово... Не треба на војници да им се суди. Треба да им се суди на генералите и на оние што го испланираа и финансираа Куманово“. Сашко Петров смета дека „ВМРО дал наредба на УЧК... Дали некој мисли дека луѓето во Македонија се толку наивни (без разлика на нација или вероисповед)?“, па апелира до оние што коментираат да ја спуштат топката и да не разгоруваат национализам. Муарем Мустафа смета дека „на суд требаше да биде повикана цела гарнитура на Ахмети и Груевски и тогаш немаше да има протести“, а Суад Шукрија напишал: „Браво, зашто тие работи ги правеле ВМРО и ДУИ“.

Гостин во неделното интервју на нашево Радио беше Дане Илиев, поранешен претседател на Врховниот суд, кому една од основните поенти му е дека „политиката треба да ги тргне рацете од судството“. Живко Чавдаров, очигледно согласувајќи се со Илиев, на двапати само ги цитира неговите искази дека „Судскиот совет е монструм, а УБК е држава во држава...“ Но, Ердоан Пеле Џафер смета: „Во Македонија е тешко да се тргне политиката од судството“.

Интервјуто на претседателот Ѓорѓе Иванов за британски Телеграф, во кое, покрај другото, изјавува дека „Неуспехот на ЕУ на Балканот го користат Русија и Кина“, предизвикало ФБ постови што ги покажуваат непочитувањето и несимпатиите на граѓаните спрема неговото политичко однесување и потези.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG