Достапни линкови

Протести против пресудата за „Диво Насеље“


Дел од обвинетите во случајот „Диво Насеље“.

Протести против пресудата за случајот „Диво Насеље“ најави Здружението за албанска култура. Протестите е предвидено да започнат денеска во 13 часот на плоштадот Скендербег, а ќе завршат пред Основниот суд- Скопје 1.

Судот изрече доживотна казна затвор за осуммина обвинети во случајот, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор. На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години. Четворица од обвинетите, пак, беа ослободени од одговорност. Протести против одлуката на судот имаше и во Приштина.

XS
SM
MD
LG