Достапни линкови

Регистрирани рекорден број бегалци на Лезбос


Архива - Бегалци и мигранти пристигнуваат на грчкиот остров Лезбос.

Рекорден број на бегалци пристигнале годинава на грчкиот остров Лезбос, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Минатиот месец на островот пристигнале 2.216 мигранти, за разлика од септември кога пристигнале 2.170, а во август биле регистрирани над илјада.

На сите острови во северниот дел на Егејското Море во октомври пристигнале вкупно 3.478 мигранти.

Турската крајбрежна стража соопшти дека во октомври интервенирала во 61 инцидент во турски територијални води и назад во Турција вратила 2.729 луѓе.

XS
SM
MD
LG