Достапни линкови

Мицкоски се повлече од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје


Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше носител на советничката листа на коалицијата предводена од оваа партија во Град Скопје, денеска објави дека се повлекува од местото советник. Во статусот објавен на Фејсбук, тој посочува дека продолжува борбата против, како што стои, она што ѝ го прави СДСМ на татковината и силно го тишти македонскиот граѓанин.

„Мојата битка против оваа власт продолжува во партијата/организацијата, како генерален секретар заедно со моите сопартијци, и секако помеѓу клупите на Универзитетот“, напиша Мицкоски.

Тој исто така оцени дека локалните избори биле најлошо организираните избори во демократска Македонија од осамостојувањето до денес.

XS
SM
MD
LG